Македонија
19. July 2015 - 21:37

Голем шумски пожар во Кумановско

Голем пожар на висока борова шума денеска се појави на територија на населеното место Слупчане, Кумановско, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). 

Оттаму посочуваат дека пожарот околу 12:30 бил изгаснат, но подоцна повторно е активиран.

- На лице место има две противпожарни возила со 10 пожарникари, во приправност се уште 10 лица, но поради непристапниот терен и горење на крошните на дрвата кои се високо не е овозможен пристап на други лица, соопшти ДЗС.

Од Дирекцијата потенцираат дека   пожар на дабова шума на непристапен терен е активиран и на територија на населеното место Матејче, Кумановско.