Балкан
17. August 2018 - 21:22

Голем пожар во болница во Риека, огнот почна од одделот со неподвижни, има и мртви и повредени

Едно лице загина, а 16 други се повредени во пожар што избувна попладнево во психијатриска болница во Лопачка, во близина на Риека.

Во моментот на избивање на пожарот во болницата имало стотина лица.

Пожарот, кој избувнал на третиот кат, се проширил на четвртиот.

На терен има околу педесет пожарникари. Пожарот е под контрола, но пожарникарите ќе останат на терен.

На третиот кат, каде што избувнал пожарот, имало неподвижни лица.