Македонија
28. September 2018 - 11:44

Голем пожар над Скопје, гореше мешана шума и сува трева - пожарникарите не можеа да интервернираат

Вчера околу 13,00 часот забележан бил пожар на место викано „Чело“ атар на село Грачан, скопско при што горела мешана шума и сува трева.

За пожарот веднаш била известена Противпожарна екипа Скопје, но поради непристапен терен истите не биле во можност да интервенираат.

До 17,00 часот, изгореле околу 20.000м2 мешана шума и сува трева.