-->
-->
Голем пожар над месноста „Полјаната“ во Македонска Каменица
-->
Околу 100 хектари горлив материјал изгоре во големиот пожар кој денеска избувна кај месноста ,,Полјаната” во Македонска Каменица. Како што информираше Малин Трајчевски, раководител на подрачната Територијална противожарна единица, екипи на противпожарната единица се уште се на терен заради обезбедување на опожарениот терен.
– Во пожарот интервениравме со наша екипа на која во пресрет и излегоа вработените во јавното претпријатие „Камена Река“ и шумско стопанство „Голак”. Според слободна проценка пожарот ,,голтна” површина со околу 100 хектари горлив материјал, изјави Трајчевски.
Како што истакна, поради обезбедување на теренот екипите на ТППЕ од Македонска Каменица се уште се на терен.
Истрагата на полицијата допрва ќе ги утврдува причините за пожарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак