Македонија
31. January 2017 - 12:36

Голем пожар беснееше во крушевско

Околу 02.00 часот во селото Подвис, крушевско, настанал пожар во плевната на С.Х. од селото Житоше. Во пожарот изгореле околу 20.000 бали сено.

Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита од општина Кривогаштани. Увид ќе се врши во текот на денот,  кога ќе бидат утврдат причините за настанување на пожарот и висината на материјалната штета, информираа денеска од полицијата.