Свет
15. February 2018 - 8:31

„Голем број“ жртви во нападот во средно училиште на Флорида

Вооружен напаѓач денеска пукаше во гимназија во Флорида при што има загинати, јавија американски медиуми.

- Осомничениот за нападот е приведен, изјави портпарол на полицијата.

Во порака на Твитер локалниот шероф наведе дека има најмалку 14 жртви од гимназијата Марџори Стоунман Даглас во градот Паркленд на Флорида, без притоа да прецизира дали се работи за загинати или повредени. 

Уапсениот е ученик од тоа училиште. 

- Во нападот има загинати неколку лица, изјави сенаторот на Флорида, Бил Нелсон за телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си.

Според американски медиуми, бројот на жртвите може да достигне и над 20. Претходно полицијата соопшти за најмалку еден загинат и 20 ранети.

На инсерти од американски телевизии се гледа како стотина ученици панично бегаат додека полицијата трага по напаѓачот. Градот Паркленд е на околу 70 км северно од Мајами.