Свет
15. November 2015 - 8:56

Голем број странци меѓу жртвите во Париз

Голем број странски државјани се убиени во нападите во петокот вечерта во Париз, во кои според досегашниот биланс загинаа 129 лица , 352 се повредени од кои 99 се наоѓаат во критична состојба.

Меѓу загинатите се:

- Најмалку двајца белгиски државјани, според Министерството за надворешни работи на Белгија.

- Дваесет и девет годишниот Шпанец, Алберто Гонзалес Гаридо, според шпанските власти. Младиот Шпанец беше меѓу присутните, заедно со неговата сестра, на концертот во Батаклан.

- Еден 63-годишен Португалец кој живеел во Париз, а работел во транспорт на патници, според португалските власти. Тој загинал додека бил во близина на стадионот Стад де Франс во северниот дел на Париз.

- Двајца романски државјани, според Министерството за надворешни работи во Букурешт.

- Еден британски државјанин, соопшти Министерството за надворешни работи, а исто така, имало и повредени Британци, чиј број не е наведен.

- Две млади Тунишанки, сестри, кои живееле во Париз и едно лице од Сенегал чии родители се населиле во Крозот, а во Париз славел роденден, според неколку извори.

- Една Чилеанка е меѓу жртвите. „Тоа е внуката на нашиот амбасадор Рикардо Нунез“, изјави чилеанскиот сенаторот Изабел Аленде од Социјалистичката партија.

- Двајца Алжирци, жена на 40-годишна возраст и 29-годишно момче, се убиени во нападите според агенцијата АПС која се повикува на алжирски дипломатски извори.

- Една американска 20-годишна студентка од Државниот универзитет во Лонг Бич, Калифорнија. Ноеми Гонзалес допатувала во Париз како дел од универзитетската размена, тврди универзитетот.

Неколку Американци се меѓу повредените, точниот број не е одреден. - Ние им понудивме секаква можна конзуларна помош, изјави портпарол на американската дипломатија.

- Понатаму двајца Бразилци се повредени, според бразилската претседателка Дилма Русеф, од кои еден останува на болничко лекување.

- Еден Швеѓанец можеби е убиен, а друг повреден, според портпарол на шведската дипломатија.