Живот
6. August 2016 - 12:15

Гол и полиен со масло - знаменосецот на Тонга е главна тема на социјалните мрежи

Жизел Бундшен за краток момент беше главна на сцената на отворањето на Олимписките игри, но никој не доби посилно ракоплескање и воздишки од дамите како спортистот кој го носеше знамето на Тонга.

Олимпиецот Пита Таукатофуа, Теквондо борач, ги растопи и вжешти социјалните мрежи, појавувајќи се во традиционалната облека на неговата земја.

Без маица и целиот полиен со масло, гордо го покажа знамето на својата земја, за време на свеченото отворање на Олимпијадата.