Македонија
13. November 2018 - 8:34

Годишна конференција на Мрежата за управување со човечки ресурси

 Во Скопје денеска во организација на Министерството за информатичко општество и администрација ќе се одржи Првата годишна конференција на Мрежата за управување со човечки ресурси.

Конференцијата, како што е најавено, ќе ја отворат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џефри Голдстајн и државниот секретар на МИОА, Јахи Јахија.

Ќе биде промовиран електронскиот портал и форум за дискусија на Мрежата за управување со човечки ресурси, како и методологијата за спроведување на функционална анализа во институциите од јавниот сектор, која веќе е достапна на веб страната на МИОА.