„Година на мајмунот“ се натпреварува на три балкански филмски фестивали
Македонската комедија „Година на мајмунот“, во режија и по сценарио на Владимир Блажевски, се натпреварува на три реномирани балкански фестивали - во Палиќ, Приштина и во Херцег Нови.
Во моментов се натпреварува во главната програма на 25. Европски филмски фестивал во Палиќ што ќе заврши на 20 јули, кога треба да бидат познати и добитниците.
Утре, „Година на мајмунот“ ќе биде премирно прикажан во Косово, во рамки на 9. Прифест во Приштина, и ќе се натпреварува во категоријата „Мед и крв“ во конкуренција со повеќе балкански филмови.
Филмот ќе се натпреварува и на филмскиот фестивал во Херцег Нови, Црна Гора, кој ќе се одржи од 1 до 7 август. Овој еден од фестивалите со најдолга традиција на екс-ЈУ просторот и датира од 1986 година.
Светската премиера на „Година на мајмунот“ беше на Московскиот меѓународен филмски фестивал, а домашната на отворањето на 21. Скопски филмски фестивал.
Филмот се снимаше во 2016 година како копродукција на Македонија, Србија, Словенија и Косово, поддржан од Еуримаж, на околу 80 различни локации низ Македонија. Главната улога ја игра Игор Ангелов, а во екипата се појавуваат актери од Македонија, Србија, Словенија и Хрватска.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација