Го викнале, па го заклучиле во стан: ОЈО Тетово гони три лица за изнуда и противправно лишување од слобода
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово нареди да се спроведе истражна постапка против две лица за сторено кривично дело „изнуда“, а судија на претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Како што информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ), вечерта на 16 август годинава во период од 21:23 до 00:01 часот по полноќ во стан на осми кат од зграда во Тетово оштетениот бил повикан од третото осомничено лице кое живеело во станот и откако влегол внатре, лицето излегло од станот и ја заклучило вратата. Тогаш од друга просторија излегле првоосомничените лица и се заканиле по животот на оштетениот барајќи му сума од 20.000 евра.
- Исплашен за својот живот, оштетениот се јавил на својот син и му кажал дека противправно е затворен. Вечерта во неколку наврати прво и второосомничениот се јавувале на синот на жртвата барајќи ја наведената сума. Откако синот рекол дека ги обезбедил парите, се договорил со осомничените да се најдат пред бензинска пумпа, но не отишол на наведеното место туку настанот го пријавил во полиција, соопшти ЈОРМ.
За третото лице кое со преземените дејствија сторило кривично дело „противправно лишување од слобода“ Обвинителството ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука по спроведување на истражната постапка во фаза на покренување на обвинение.
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено