Живот
24. May 2016 - 18:28

Го викаа „малиот мајмун“ - тој навистина е роден со опашка на грбот

Дете од Кина кое е родено со опашка долга 15 сантиметри на грбот, конечно ќе здивне зошто израстокот му го отстранија.

Локалните медиуми го нарекоа ова дете Јанг Јанг, а неговото семејство му даде прекар „малиот мајмун“/ Иако неговите родители инсистирале детето да не оди на операција, сепак се согласија на тоа.

На Јанг Јанг му се развила опашката уште додека бил во матката, како резултат на деформитет на невралната цевка, пренесуваат кинеските медиуми.

Во текот на првбиот месец од раѓањето, ембрионот создава сруктура која се вика нервна цевка, која се формира на крајот од рбетот и нервниот систем. Се смета дека кај Јанг Јанг нешто не било во ред со овој процес и дека неговиот рбет не се развил како што треба.

Foto: Profimedia/Barcroft Media

Кога одела на лекар во текот на бременоста, лекарите на мајката ништо не и рекле дека не е во ред со бебето. Дури кога се породила, се шокирала кога видело дека бебето има опашка.

Бабата на детето мисли дека тоа е добра работа и дека би можел да заработи многу пари кога ќе порасне.