Свет
9. November 2018 - 10:55

Го сними крвавиот пир во Калифорнија: Го гледав во очи додека ми ги убиваше пријателите!

Далас Неп со свои очи го видел масакрот во кафуле во Таузен Оукс во Калифорнија, а успеа да го сними и напаѓачот.

Снимката го покажува кафулето во кое убиецот Иан Дејвид Лонг отворил оган и убил 12 лица. Во позадината се гледа неговата магловита фигура како пукан кон подиумот за танц.
 
Кога почнало пукањето, Неп истрчал на паркингот и повикал: Еј, луѓе, трчајте, тој излегува низ врата!“ 

„Го гледав во очи додека ги убиваше моите пријатели, се надевам дека ќе гори во пеколот. Момчето кое го гледате на снимката е убиец, а пукаше по луѓето кои се обидуваа да скокнат од прозорец“, рече тој.

Поранешниот маринец Иан Дејвид Лонд уби 12 лица, вклучувајќи го и полицаецот кој  прв дојде на повикот.