Балкан
6. April 2017 - 9:07

Го поврзаа со убиството на пејачката: Кој ќе го препознае камионџијата ќе добие 28.000 евра!

Германската полиција во соработка со колегите од Австрија направи фото-робот на убиецот кој во Германија и Австрија уби две жени на ист начин на кој беше усмртена пејачката на Гранд, Јелена Марјановиќ (33) и нуди награда од 28.000 евра за нови информации.

Одредени детали од злосторот во Борча се поклопуваат со убиството на Карлон Грубер (27), која е силувана и убиена на 10. ноември 2016 во шумата во Ендинген и француската студентска Лусил К.(20) која е убиена на  12. јануари 2014 во Австрија.

По завршувањето на ДНК анализата која ја направи Интерпол ќе биде познато дали Јелена е жртва на сериски убиец и дали злосторството во Борча навистина има допирни точки со овие две убиства. Германската полиција усепа да направи анализа, која покажа дека иста личност ги убила Каролин и Лусил, и врз основа на исказите на очевидци направи фото-робот на извесен камионџија.

Smrskana joj je glava:  Jelena Marjanović

По вчерашното објавување на новиот фото-робот во германскиот високотиражен дневен весник „Билд“ полицијата очекува повеќе информации од населението. Објавен е повик до граѓаните да се јават доколку го препознаат лицето од сликата.

Да потсетиме, убиството на девојката во близина на германскиот град Ендинген и австрискиот Куфштајн се поклопуваат по деталите со убиството ан Јелена Марјановиќ, поради што Интерпол побара од српската полицијата да им ги испрати сите материјални докази кои се откриени на насипот во Борча.

Непознатиот човек е виден ден по исчезнувањето на Каролин Грубер. Фото-роботот покажува човек со наочари, од 50-55 година, висина од 1,75 до 1,80 метри. Овој убиец како оружје користел метална шипка која се користи за хидраулична дигалка.

И кај двете злосторства, во Ендинген и во Куфштајн, пронајдени се идентични траги од ДНК. Двете жртви наводно се силувани и убиени. Меѓу овие два случаи постои „многу веројатна врска“ и инспекторите овие случаи ги поврзауваат со убиството на Јелена, која за разлика од овие девојки, не била силувана.