Живот
9. November 2018 - 11:28

Го погребавме мојот брат, а потоа некој ни затропа на врата, неверојатна приказна

Аигали Супугалиев (63) од Казахстан „исчезна“ на 9 јули. Овој неоженет маж добил работа на период од четири месеци на една фарма. Тој роднините ги информирал за тоа.

Тие во близина на неговата куќа во селото Томарли пронашле тело кое се распаѓало и претпоставиле дека е тој. Бидејќи телото било во многу лоша состојба, не можеле да го идентификуваат па е направена ДНК анализа. Таа покажала дека 99.92 отсто станува збор за Аугалу. Издаден е плакат, а неговиот брат организирал погреб. Телото е погребано,а два месеци подоцна „мртовецот“ се вратил.

- Кога Аигали си дојде дома здрав и жив мојата ќерка Сауле речиси доби срцев удар, рече братот Есенгали за локалнито весник.

-Беше направена ДНК анализа која потврди дека е тоа мојот брат. Им верувавме на резултатите. Дадовме толку пари. Кого тогаш погребавме? - запраша Есенгали и најавува тужба.

Сепак е среќен што неговиот брат е жив.

Акмарал Зубатирова која ја направи обдукцијата тврди дека 99.92 отсто не значи дека 100 проценти е таа личност.

-Не смееме да ги заборавиме останатите 0.08 отсто, вели таа.