ГН на Австралија: Фетел го изненади Хамилтон
Непријатно изненадување за светскиот првак Луис Хамилтон приреди возачот на Ферари, Себастијан Фетел, на трката за Големата награда на Австралија, со која започна новата сезона во шампионатот на Формула 1. Ова е втора победа во низа, а вкупно трета за Германецот на патеката Алберт парк во Мелбурн.
Фетел во Австралија победи благодарение на стратегијата со која го надмудри актуелниот светски шампион Луис Хамилтон кој трката ја започна од пол-позицијата. Фетел ги посети своите механичари во моментот кога виртуелното безбедносно возило беше на патеката.
Третото место му припадна на неговиот тимски колега Кими Раиконен. Зад Финецот трката ја завршија Даниел Рикардо од Ред Бул и Фернандо Алонсо од Мекларен.
Бодови во Австралија освоија и Макс Ферстапен (Ред Бул), Нико Хулкенберг (Рено), Валтери Ботас (Мерцедес), Стофел Вандорн (Мекларен) и Карлос Саинц (рено).
Наредната трка на програмата е на 8.април во Бахреин.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор