Ф1
22. јуни 2019 - 18:09

ГН Франција: Нова пол позиција за Хамилтон

 

Актуелниот светски првак  Луис Хамилтон  постави најдобро време на еден круг на денешните квалификации за утрешната Голема Награда на Франција што е 86-та пол позиција за него во кариерата во шампионатот во Ф-1.

            Валтери Ботас ја потврди доминацијата на Мерцедес освојувајќи ја втората стартна поцизија додека трет ќе стартува пилотот на Ферари Шарл Леклер.

            Неговиот клупски колега Себастијан Фетел немаше свој ден и ја освои 7. Стартна позиција  зад Ферстапен, Норис и Карлос Саинц.

            Трката се вози утре на патеката Пол Рикар во 15ч.