ОН гласаше за почнување преговори за забрана на нуклеарното оружје
Земјите членки на ОН гласаа вчера за поддршка на иницијативата за свикување конференција во 2017 година за започнување преговори за договор за забрана на сето нуклеарно оружје, пренесе ДПА.
Резолуцијата беше усвоена со 123 гласа „за", 38 „против" и 16 „воздржани" во комисија на Генералното собрание на ОН, и покрај силното лобирање против неа од т.н. нуклеарни држави, особено САД, Велика Британија и Франција.
Поради притисокот на САД, 27 од 28 земји членки на НАТО гласаа против резолуцијата, а Холандија се воздржа.
Резолуцијата предвидува свикување на две конференции во март и во јуни следната година „за преговори за правно обврзувачки инструмент за забрана на нуклеарното оружје што ќе води кон целосно отстранување".
Документот беше поднесен од Австрија, Бразил, Ирска, Мексико, Нигерија и Јужна Африка.
Резолуцијата треба да биде одобрена со гласање во Генералното собрание, каде што се очекува тоа и да се случи, посочува ДПА.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто