Македонија
3. November 2018 - 12:07

Гласањето во тек: Сител во трка за најдобар информативен портал во регионот

Специјализираниот веб портал Медиа Дејли  за прв пат ја воведе и рубриката „избор на најдобар информативен портал oд регионот“ , а  на листата од Македонија покрај сител се најдоа курир и скопјеинфо.

Медиа Дејли е првиот регионален  и единствен специјализиран портал за медиуми www.mediadaily.biz   кој од 1.11  до 30.11 на овие простори ќе спроведе независен избор за најдобар меѓу 30 информативни портали во регионот, односно Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Македонија.

Во објаснувањето на изборот, уредништвото на Медиа Дејли  наведува дека информативните порталите во последните пет години станаа прво и главно место каде што граѓаните се информираат за дневните настании како такви, овие интернет страници  имаат големо влијание во општествената и во медиумската сфера. Исто така тие забележуваат милионски посети и  нивни постојани корисници се луѓе од  сите старосни структури.

-Влијанието на онлајн порталите се разликува по начинот и стилот на известување, графичкиот дизајн и професионализмот и за тоа вреди да се вреднува и да се категоризира за да бидат уште подобри, а оние другите да се потрудат да постигнат подобри резултати. Целта, меѓу другото,  на оваа иницијатива  на порталот Медиа Дејли е најава таа да стане традиционален, што ќе биде одлична можност за трансгранична соработка, бидејќи станува збор за пазар од 20 и повеќе милиони  луѓе, велат организаторите на овој избор.

Како и на кој начин  ќе биде изборот на  најдобриот меѓу 30-те најчитани портали?

На секоја држава  и припаѓаат онолку портали  сразмерно со бројката на  населението така што е одредено: Србија  да има 10 преставници, Хрватска  седум,  БИХ  шест, Словенија и Македонија имаат по  три претставници, а додека Црна Гора има  само еден претставник.

На порталот www.mediadaily.biz  читателите  ќе можат да гласаат од овие 30 номинирани интернет страници, за својот омилен портал, а тоа ќе им донесе максимални  50% бодови, додека останатите 50 % бодови ќе ги даде жирито составено од еминетни експерти.

Гласањето и целиот избор ке почне од 01. 11. и ќе трае  до 30.11.

Почитувани читатели, вашиот глас за Сител може да го дадете ТУКА.