Македонија
15. October 2017 - 10:57

Гласањето на локалните избори почна навреме и се одвива непречено

Во општините во Македонија гласањето на шестите локални избори почна навреме, во 7 часот, според извештаите од општинските изборни комисии. Засега изборниот процес тече непречено и без проблеми.

- Сите гласачки места на кои Граѓанската асоцијација МОСТ има набљудувачи се отворени. Доцнење е забележано на шест избирачки места, а на пет избирачки места набљудувачите на МОСТ регистрирале помали неправилности, соопшти МОСТ на прес-конференција.

Граѓанското здружение Цивил оцени дека изборниот ден почнал мирно со помали технички нерегуларности.

Денешните локални избори во Македонија се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Град Скопје.

Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас на Локалните избори имаат 1.814.644 гласачи во Македонија.