Loading Video...
Кошарка
27. November 2018 - 16:42

Ѓуровски и Витингтон ќе доцнат на утрешната првата прозивка пред мечот со Косово

Машката македонска кошаркарска репрезентација утре ќе има старт на мини подготовките за претстојниот меч во квалификациите за ЕП 2021 година. Во ноемврискиот прозорец од европските квалификации Македонија е домаќин на Косово. 
 
За утрешната прозивка на играчите, а ги има вкупно петнаесет на број кои се најдоа на списокот на Давитков за овој меч, засега е најавено отсуство на двајца. 
 
Американецот, Шејн Витингтон кој треба да го замени Ричард Хендрикс, ќе пристигне утревечер, па ќе го прескокне првиот тренинг, а ден подоцна на останатите ќе им се приклучи и Стојан Ѓуроски, кој со својата екипа Хуеска утре игра натпревар во Втората шпанска лига. 
 
По утрешниот краток собир закажан за 20 часот во СЦ „Јане Сандански“, репрезентацијата заминува за Гевгелија каде в недела од 17 часот и 45 минути ќе го одигра мечот против Косово во рамките од Б групата, во која во четврток својот прв меѓусебен дуел ќе го имаат Романија и Косово.