Балкан
14. December 2015 - 20:21

Ѓукановиќ: Парламентот ќе одлучи за членството на Црна Гора во НАТО

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека не постои правна обврска ниту политичка потреба за распишување на референдум за членството на Црна Гора во НАТО.

Тој во Парламентот наведе дека црногорскиот Устав не пропишува организирање на референдум во случај на зачленување во Алијансата, пренесува Фена.

- Во случај на зачленување во НАТО, Црна Гора не го губи суверенитетот ниту пренесува некои од своите права на ова меѓународна организација. Прашањето за членство во меѓународни организации, значи и во НАТО, е во надлежност на Парламентот, кој ја репрезентира војлата на граѓаните, истакна Ѓукановиќ.

Тој посочи дека речиси две третини од пратениците ја поддржуваат интеграцијата на Црна Гора во НАТО.

Ѓукановиќ наведе и дека граѓаните се подобро известени и дека се повеќе ја разбираат предноста од членството во Североатлантската алијанса.