Балкан
14. December 2016 - 18:23

Ѓукановиќ: Останувам во политиката

Поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека останува во политиката, но од друга позиција.

Тој за регионалната телевизиска информативна емисија „Окружење“ истакна дека никогаш не калкулира, како и дека досега двапати се повлекувал и повторно се враќал во политичкиот живот.

- Останувам во политиката од друга позиција, зад дневната политичка сцена, посочи Ѓуканович и додаде дека смета дека има и искуство и инспирација да помогне.