Ѓорѓиевски: Средствата од Владата за општините ќе решат децениски проблеми
Сметам дека со средствата од Владата, конечно ќе се решат децениски проблеми кои пред се, се поврзани со подземната инфраструктура, поврзани со проблеми кои самите општини, посебно оние помалите низ Македонија, не можеле да ги решат иако имале изготвен проект. Ќе бидат многу проблеми решени во образованието преку изградба на нови училишта, додека преку изградба на нови градинки ќе се реши недостигот на слободни места. Сметам дека повикот помина успешно, ќе го чекаме резултатот на крај, но финално, како што кажав ова ќе биде решение за децениски проблеми на општините и нашите граѓани, истакнал претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во рамки на настанот за зајакнување на капацитетите на општините за искористување на капацитетите и зголемена децентрализација.
Прашан дали поради задолженоста на општините смета дека треба да се намали бројот на единици на локалната самоуправа, Ѓорѓиевски кажал дека актуелната организација на општините е добра, но, оти она што претставува проблем е тоа што одредени раководни лица немаат добри менаџерски способности.
-Добра е организацијата на општините, со минорни недостатоци кои не повлекуваат намалување на бројот на единици на локалната самоуправа. Проблемите се индивидуални, односно, некои поединечни раководни лица немаат менаџерски капацитети. Како пример, секогаш ја наведувам мојата општина Кисела Вода, која ја наследив со долг од 3.5 милиони евра и која долги години наназад имаше нерешени проблеми. Со добра организација и менаџмент се постигнува резултат и тоа е изводливо во секоја општина. Сметам дека во минатото се направи грешка од страна на една претходна Влада, кога се доделија средства на општините за раздолжување и тоа дополнително мотивираше поединци недомаќински да ги третираат буџетите и доведени во една состојба на комоција, дополнително да се задолжат после тоа, истакнал тој.
Според его, вистинскиот клуч, вистинскиот начин на кој треба да се распределат средствата од Владата, е тие да бидат наменски за проекти.
-Се останато ќе остави простор во кој градоначалникот може да биде доведен во состојба на комоција што нaместо проекти, може да генерира нови долгови и задолжувања, како што имало бројни примери во минатото, изјанал градоначалникот Ѓорѓиевски.
Како што информираат од Општина Кисела Вода, тој додал дека има доста успешни и помалку успешни општини, но, оти верува во капацитетите на градоначaлниците низ Македонија. Според него, тие работат заеднички постојано трудејќи се да ги надминат децениските проблеми. Ѓорѓиевски очекува драстично да се подобрат состојбите по потпишувањето на Меморандумот за соработка со новата Влада, чекор на кој, како што рекол, се чекало 21 година.
Ново на Сител
-
Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија
-
Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на Спортската сала „Расадник“ во Општина Кисела Вода
-
ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор
-
Панел-дискусија на АХВ за управување со популацијата на бездомни кучиња
-
Бајден: Русија изврши ужасен воздушен напад врз Украина, САД продолжуваат со подршката за Киев
-
Денеска е Св. апостол и евангелист Матеј.
-
Тајвански власти: 33 кинески воени авиони и осум бродови забележани недалеку од островот