Македонија
30. August 2022 - 20:09

Ѓорѓиевски на терен: Повикани се сите надлежни фирми со кои соработуваме

Невремето проследено со пороен дожд и град, кое попладнево го погоди Скопје, направи штета на повеќе места низ општина Кисела Вода.

На неколку локации силниот ветар однесе настрешници, гранки, откорна дрвја и делови од покриви и направи проблем во одвивањето на сообраќајот, но со екипите од општината веднаш излеговме на терен и интервенираме за надминување на проблемите.

Повикани се сите надлежни фирми со кои соработуваме, општинските тимови вршат увид и се реагира брзо, комуницираме и со службите на Градот и со граѓаните кои пријавуваат проблем, со цел штетите што поскоро да се санираат и состојбата да се нормализира.

Остануваме на терен сѐ до нормализирање на целата ситуација.

Стоиме на располагање доколку граѓаните кои имаат било каква потреба.