Ѓоргиев не прифаќа вонреден состанок на заедничката комисија со Бугарија
– По најавите од претседателот на Комисијата за историски прашања од бугарска страна, Aнгел Димитров дека ќе побара вонреден состанок до крајот на август, историчарот Драган Ѓоргиев, шеф на македонскиот тим во заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, вели дека такво нешто не прифаќа.
– Не прифаќаме вонреден работна средба. Редовниот работен состанок ќе се одржи на 12 и 13 септември, вели Ѓорѓиев во изјава за Телевизија 24.
Според него, доколку се отвори идентитетското прашање за Гоце Делчев, односно ако се инсистира да се договори неговиот идентитет, тогаш најверојатно преговорите ќе пропаднат.
-Барањето да се реши прашањето за Гоце Делчев веднаш и инстант со цел да се задоволи некоја, во овој случај политичка потреба, може негативно да влијае на работата на комисијата, смета Ѓоргиев.
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада