Македонија
26. November 2020 - 16:50

Ѓоргиев: Бугарија била окупатор, не може поинаку да се толкува историјата

Бугарската окупација врз Македонија е запишана во светската историографија и не може да биде предмет на негација. Ова е ставот на претседателот на македонскиот тим историчари, а во однос на последното интервју на премиерот Заев за бугарската новинска агенција и преговорите кои се водат по ова прашање.

Професорот Ѓоргиев не чувствува потреба да ги коментира ставовите на политичарите и како што вели, преферира во работата да се држи до научно историските факти.

Од македонскиот тим историчари во повеќе наврати апелираа политиката да се држи настрана од утврдувањето на историските факти. Ѓоргиев вели дека политичките изјави не остануваат без ефект врз генералната атмосфера во Комисијата, и не знае дали тие ќе станат дел од работната агенда.

Претходно, од изнесените историски ставови на Заев се оградија двајца историчари од македонскиот дел од Комсијата, а погодени се најдоа и борците од Втората светска војна.

Бројни се реакциите и на социјалните мрежи од лица кои изгубиле свои роднини во војната.

Ова се само дел од коментарите упатени по интервјуто на премиерот Заев.