Ѓорчев на Конференција за националните малцинства во Австрија
Во организација на Парламентарното собрание на ОБСЕ денеска и утре во Вилах, Австрија ќе се одржи Конференција за националните малцинства на која ќе учествува пратеникот Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
На Конференцијата, како што соопшти собраниската прес-служба, ќе се дебатира за придонесот на националните парламенти во промоцијата на адекватните структури и прифатлива општествена средина за националните малцинства и ползата којашто може да ја имаат самите региони од овој позитивен развој.
На учесниците на оваа сесија ќе им се обрати Кристин Мутонен, претседател на Парламентарното собрание на ПС на ОБСЕ и Хенрик Виладсен, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за национални малцинства, Роберто Монтела, генерален секретар на ПС на ОБСЕ.
Конференција ќе биде организирана во три сесии. Во првата сесија ќе се дебатира за Можностите на националните парламенти во поддршката на националните малцинства, во втората сесија за Учење од другите-случајот на Каринтиа и во третата сесија за Помирувањето на Балкан - меѓународни перспективи, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација