Македонија
7. April 2019 - 16:16

Ѓорчев: Македонија забрзано умира, најголем пад на наталитетот во последните 70 години

-На Македонија со оваа власт и се случува невидена демографска катастрофа. Бројот на бебиња е најмал откако постои статистика и историја во Македонија. Само во јануари оваа година падот на родените бебиња во однос на
минатата година е речиси 20%. Тоа е демографска катастрофа на Зоран Заев, Мила Царовска, Стево Пендаровски и нивните 28 министри. Македонија исчезнува, државата се празни. Македонија умира. Бројките се покатастрофални од колку било кога. Можеме да одиме 70 години наназад ова никогаш нема да го видиме. Тоа во моментов се случува, изјави Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.