Македонија
18. December 2019 - 18:11

Ѓорчев кон СДСМ: Три години сте на власт, никогаш не сме биле позагадени!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев не штедеше зборови кон владејачката СДСМ за ветените мерки против аерозагадувањето.

„Три години сте на власт, никогаш не сме биле позагадени. Ваш плакат пред две години вели „Чиста вода и чист воздух“. Јани Макрадули рече „никој не ја сака повеќе ќерка ми од мене и ќе имаме чист воздух“. Македонија никогаш не била економски поуништена. Наместо живот, дојде катастрофа. Но, доаѓа казната, во април ќе одите во опозиција“, истакна Ѓорчев.