Македонија
8. December 2016 - 14:15

Ѓорчев: Граѓаните да гласаат за унитарна, суверена Македонија

Граѓаните да гласаат за унитарна, суверена Македонија и за нејзиниот уставен поредок, порача денеска од Тетово носителот на изборната листа од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ во шестата изборна единица Владимир Ѓорчев.

Тој со прес-конфренција пред месниот комитет на партијата во тетовската населба Ченто ги почна денешните предизборни активности во регионот.

Се осврна на низата проекти предвидени за овој регион од државата.

- Како што го донесовме гигантот Леар кој треба да отвори повеќе од две илјади работни места, ќе продолжиме да носиме и други фабрики во ТИРЗ Тетово, исто така и во Гостивар, во технолошко-развојната зона и во мавровско-реканскиот крај. Предвидуваме асфалтирање на многу патишта, автопат од Кичево и до Охрид, поврзување на Дебар со Кичево, инвестиции во скијачкиот центар Попова Шапка, целосна обнова на десеттина улици во Тетово, исто толку во Гостивар, водоводни и канализациски мрежи, подршка за земјоделците, рестртирање на Југохром,..., истакна Ѓорчев.

Планираме, додаде, и поголем број спортски сали и отворање градинки во сите општини од шестата изборна единица како дел од државниот проект за 140 градинки низ цела Македонија.

- Би ги повикал неутралните гласачи кои можеби имаат причина и нешто да ни приговорат. Има простор и за критика и го слушаме тоа. Но сега е време да се обединиме. Секој глас за СДСМ не е глас за СДСМ бидејќи СДСМ не може да победи на изборите. На нив не им значи дали ќе имаат три, четири или пет пратеници повеќе или помалку. За нас, за Македонија и за нејзината иднина, но и за иднината н овој регион е важно ВМРО-ДПМНЕ да има 62 пратеници, посочи Ѓорчев. 

Во рамките на денешните активности, покрај средби со граѓани низ Тетово, Ѓорчев со соработниците вечер ќе одржи и два мини митинга, во Брвеница и на улицата „Благоја Тоска“.