Тенис
24. October 2016 - 19:38

Ѓорческа се проби на 200. место во сингл и на 139. место на ВТА листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се проби на ВТА листата и сега се наоѓа на 200.место. Таа на последното рангирање има 34 нови поени и со вкупно 274 поени го има својот најдобар пласман во кариерата. 34-те поени се за четвртфиналето на фјучрс турнирите во Египет (25) и во Италија (9).

Скок од девет места има на листата во двојки каде со 504 поени се проби на 139.место. Во двојки освои 43 поени (25 - Египет (четвртфинале) и 18 - Италија (полуфинале)).