Loading Video...
Тенис
27. November 2019 - 16:35

Ѓорческа продолжува со успешниот настап во Анталија

Откако Ѓорческа во неделата триумфално го заврши првиот турнир во Анталија и стигна до својот јубилеен 10-ти трофеј во сингл конкуренција од ИТФ турнирите, попладнево Лина експресно го мина и 1.коло на вториот турнир. 
 
Горческа за само 1 час и 10 минути игра во два сета со 6-1 и 6-2 ја совлада 16-годишната Сафо Сакелариди од Грција и во следното коло закажа дуел со Швајцарката, Џени Дуерст. 
 
На истиот турнир настапи и Магдалена Стоилковска која по успешно минатите квалификаци денеска во дуелот од 1.коло загуби од Белорусинката, Анхелина Калита со 2-6 и 1-6.