Тенис
3. јуни 2016 - 18:34

Ѓорческа поразена во финалето во двојки на фјучрс во Унгарија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да триумфира на фјучрсот во Унгарија (награден фонд 25.000 долари) во игра на двојки откако попладнево во финалето со Романката Ирина Марија Бара беа совладани со 2-0 во сетови од Лаура Пигоси (Бразил) и Надиа Подорска (Аргентина).
Двата сета противничките на Ѓорческа и Бара ги добија со 6:3 и 6:0 во гемови. Мечот беше изедначен до 3:3 во гемови во првиот сет, а потоа победничките имаа серија од девет освоени гемови и стигнаа до триумф во финалето. 
Ова беше петто финале во двојки за Ѓорческа во 2016 година и остана со еден триумф на фјучрсот во Анталија.  
Следната недела нашата тенисерка ќе игра на фјучрс во Падова, Италија (награден фонд 25.000 долари), а потоа повторно ќе игра во Унгарија во градот Сегед на фјучрс со награден фонд од 50.000 долари. На двата турнира Ѓорческа според пласманот ќе има директно учество на главниот турнир.