Тенис
13. March 2016 - 19:26

Ѓорческа остана без трофеј на фјучрсот во Тунис

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа остана без трофеј на фјучрсот во Хамамет, Тунис. Таа и Изабела Шиникова од Бугарија како прво носителки загубија во финалето од Јулија Грабер (Австрија) и Наоми Тотка (Унгарија).

Првиот сет со 7-5 во гемови им припадна Грабер и Тотка, додека во вториот беше 6-1 за Ѓорческа и Шиникова. Во решавачкиот сет беше 13-11 на поени за Грабер - Тотка.
Од понеделник на новиот фјучрс во Хамамет покрај Ѓорческа ќе настапи и Магдалена Стоилковска. Таа во првото коло од квалификациите ќе игра со Муна Бузгару од Тунис.
На машкиот дел од фјучрсот настап ќе има Томислав Јотовски, додека во последното коло од квалификациите ќе игра Стефан Мицов. Тој ќе игра птоѕив Алберто Брици (Италија), кој во претходно коло го победи Шендрит Деари.