Loading Video...
Тенис
24. October 2019 - 17:26

Ѓорческа остана без полуфинале во двојки на турнирот во Истанбул

 
 
 
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа остана без пласман во полуфиналето на турнирот во Истанбул чиј награден фонд е 25.000 американски долари. 
 
Откако Ѓорческа беше елиминирана уште во првото коло во сингл конкуренција, таа денеска заедно со својата партнерка Русинката, Екатерина Јасина го заврши настапот и во игра во двојки. 
 
Ѓорческа ни Јасина го загубија во четвртфиналниот меч против Холанѓанките, Ричел Хогенкамп и Лесли Патима и тоа за нешто повеќе од еден час и 7 минути игра со 2:0 по сетови 2-6 и 6-7.
 
Првиот сет холандската двојка го доби за само 25.минути игра со 6-2 во гемови. 
 
Во вториот, Ѓорческа и Јасина поведоа со 0:3, но Холанѓанките успеаја да израмнат на 3:3, па до самиот финиш се водеше голема борба која на крајот ја доби холандската двојка во тај-брејкот