Тенис
12. May 2017 - 18:34

Ѓорческа остана без финале во Рим

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Рим (25.000 долари) откако во полуфиналето попладнево загуби од Јулија Грабер од Австрија со 2-1 во сетови (6:4; 4:6 и 6:3).

Таа го загуби првиот сет откако противничката имаше водство од 4:1 и 5:2 во гемови. Во вториот сет Ѓорческа успеа да се врати и при водство на ривалката од 3:1 во гемови доби два гема по ред без загубен поени за на крајот да го добие сетот со 6:4. Во решавачкиот сет Грабер повторно поведе со 5:2 што се покажа како решавачко.
Мечот траеше 1 час и 57 минути, а двете тенисерки освоија ист број поени (87:87).
Предноста на Грабер во мечот беше тоа што ги искористи сите брејк топки 6/6, а Ѓорческа имаше 50 % реализација 5/10.
Ѓорческа турнирот ќе го заврши со 18 освоени поени ис о можност за нов скок на ВТА листата.