Тенис
14. August 2017 - 9:17

Ѓорческа на 211 место, Плишкова остана број 1

Најдобрата македонска спортистка Лина Ѓорческа и покрај тоа што немаше настап на турнирте оваа недела им мал скок од две места и се наоѓа на 211.та позиција на ВТА листата. Таа има освоено 254 поени. Во конкуренција на двојки е на 149.место со 480 поени и скок од три позиции. Покрај Ѓорческа од македонските тенисерки ранг има и Магдалена Стоилковска, која со 4 поени се наоѓа на 1.203 место.
 
На врвот на ВТА листата нема промена:
1. Каролина Плишкова 6940 поени
2. Симона Халеп 6150
3. Анжелик Кербер 5730
4. Елина Свитолина 5656
5. Каролине Возниацки 5340