-->
-->
Ѓорческа ќе игра во финалето на фјучрсот во Тунис
-->
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Тунис (награден фонд 60.000 долари). Таа попладнево во полуфиналето со пресврт стигна до триумф над тенисерката од Хрватска Петра Мартиќ со 2-1 во сетови.
Првиот сет го доби Мартиќ со 6:3 во гемови, а во следните два Ѓорческа беше подобра со 6:4 во гемови. Мечот траеше 115 минути.
Нашата тенисерка освои еден поен повеќе во мечот 94:93, а двете имаа по четири брејка.
Во финалето утре од 12 часот Ѓорческа ќе игра против Рајчел Хогенкамп(Холандија, 3 носителка), која со 2-0 во сетови (7:6 (7:4) и 6:1) ја победи Агнеш Букта (Унгарија).
Ѓорческа на турнирот настапува како седма носителка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море