Loading Video...
Тенис
22. October 2019 - 18:16

Ѓорческа елиминирана во првото коло на турнирот во Истанбул

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа по само два меча го заврши својот настап на турнирот во Истанбул вреден 25.000 американски долари
 
Откако вчера преку квалификациите обезбеди место на главниот дел од турнирот, денеска Ѓорчевска во меч од 1.коло загуби од Русинката Анастасија Захарова со 2-1 во сетови.
 
Нашата тенисерка го доби првиот сет во тај-брејкот со 8-6. 
 
Во следниот (вториот) се водеше голема борба, а сервисот не беше предност за ниту една од тенисерките. Напротив, во вториот сет беа направени дури шест брејка, па истиот и припадна на Русинката со 6-4. 
 
Тоа како да ја разниша Ѓорческа која во третиот сет освои само два гема, па Захарова го доби сето со убедливи 6-2.