Loading Video...
Тенис
11. December 2020 - 16:31

Ѓорческа елиминирана во четвртфиналето во Анталија

 
 
Најдобра македонска тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Анталија.  
 
Ѓорческа на патот кон полуфиналето беше сопрена од романската тенисерка Андреа Роска која е за 116-места послабо рангирана на ВТА листата од нашата тенисерка. 
 
Мечот во кој беа одиграни два сета траеше точно еден час. Првиот сет Романката го доби во тај-брејк со 7-1 на поени, додека во вториот нашата тенисерка доби само три гема (3-6).