Тенис
24. October 2016 - 9:16

Ѓорческа дојде до 200.место на ВТА листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се проби на ВТА листата и сега се наоѓа на 200.место. Таа на последното рангирање има 34 нови поени и со вкупно 274 поени го има својхот најдобар пласман. 34-те поени се за четвртфиналето на фјучрс турнирите во Египет (25) и во Италија (9).

Скок од девет места има на листата во двојки каде со 504 поени се проби на 139.место. Во двојки освои 43 поени (25 - Египет (четвртфинале) и 18 - Италија (полуфинале)).
Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.162 место во сингл и 1.079 во двојки со мал напредок од неколку позиции.