Тенис
1. August 2016 - 10:53

Ѓоковиќ триумфира на Мастерст турнирот во Торонто

 
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ триумфално го заврши својот настап на „Роџерс купот“ во Торонто. 
 
Светскиот рекет број еден Ѓоковиќ во финалето на Мастерс турнироит во Торонто го победи Јапонецот, Кеи Нишикори во два сета. 
 
Во првиот Ѓоковиќ му препушти три гема на Нишигори добивајчи го сетот со 6-3 , додека во вториот, лјубителите на тенисот имаа можност да гледаат врвен тенис со голем број на атрактивни поени, за на крајот Србинот да го добие сетот со 7-5 и со конечни 2:0 во сетови да го освои „Роџерс купот“.
 
За Ѓоковиќ  ова е четврти триумф на „Роџерс купот“ на кој беше најдобар и 2007, 2011, 2012-година, воедно за него ова е седми трофеј сезонава, а јубилеен 30-ти од Мастерс турнирите.