Loading Video...
Тенис
10. November 2019 - 16:43

Ѓоковиќ со победа го започна завршниот „Мастерс“ во Лондон

Србинот, Новак Ѓоковиќ со победа го започна својот настап на завршниот турнир од „Мастерс“ серијата што се игра во „О2“ Арена во Лондон.
 
Ѓоковиќ кој е во трка на Надал за позицијата број 1 во светот, во воведниот меч на турнирот го победи Италијанецот, Матео Бератини и тоа убедливо во два сета, со 6:2 и 6:1. 
 
Ова беше меч од Б групата во која вечерва од 21 часот ќе играат Роџер Федерер (Швајцарија) и  Доминик Тием (Австрија)
 
Утре на програмата се дуелите од групата А, во која од 15 часот ќе се сретнат Русинот, Данил Медведев и Гркот, Стефанос Циципас.
 
Во вечерниот термин (21 часот) ќе играат светскиот рекет број 1, Рафаел Надал (Шпанија) и Германецот, Александер Зверев кој минатата година во финалето на овој турнир го победи Ѓоковиќ (2-0).