Loading Video...
Тенис
8. November 2021 - 11:50

Ѓоковиќ седми пат ја завршува годината на 1 место на АТП листата

Понеделнички вообичаено се објавиваат најновите тениски ранг листи, на кои и овојпат нема промени на врвот.
 
Новак Ѓоковиќ не само неделава, туку до крајот на годината ќе остане на позицијата број 1 на АТП ранг листата. 
 
Србинот, приматот најдобар тенисер го поврди со победата на Маскерсот во Париз, каде во финалето се сретна со Данил Медведев. Иако го загуби првиот сет, сепак во следните два Ѓоковиќ уште еднаш потврди дека во моментов е најдобриот тенисер на светот. 
 
Тој седми пат во кариерата годината ќе ја заврши како прв на АТП-ранкингот, оставајќи го зад себе на на вечната листа Пит Сампрас.
 
Што се однесува наредоследот на АТП листата, Медведев останува втор, додека Зверев сега е трет на местото на Циципас, а позициите пет и шест ги сменија Рубјев и Надал кој падна за една позиција. 
 
Кај дамите има само една промена во ТОП 10 и тоа Сватек и Надоса се заменија на позициите 9 и 10, додека првите осум остануваат исти. 
 
Па така Ешли Барти и натаму е прво рангиранма пред Сабаленка, Крејичкова, Плишкова итн...