Тенис
11. October 2015 - 15:18

Ѓоковиќ подобар од Надал во финалето во Пекинг

 
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на АТП турнирот во Пекинг.
 
Најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ во финалето на овој турнир го совлада „лутиот„ ривал Шпанецот, Рафаел надал во два сета со идентични 6:2 и 6:2.
 
За Ѓоковиќ ова беше 22-ри триумф против Надал кој во меѓусебните дуели има победа повеќе.