Тенис
9. December 2016 - 10:05

Ѓоковиќ најде замена за Бекер!

Заврши фазата по групи во фудбалската Лига Европа. Во четвртокот најголемото изнендување го приреди Хапоел Бер Шива елиминирајќи го во директен дуел премиерлигашот Саутемптон.
 
По одиграните натпревари од шестото коло познати се 24-те екипи кои изборија пласман во шеснаесет финалето во Лига Европа, каде ќе им се придружат и осумте тимови кои во Лигата на шампионите ги освоија третите места во своите групи.
 
Лига Европа: Фенербахче, Манчестер Јунајтед, АПОЕЛ, Олимпијакос, Сент Етиен, Андерлехт Зенит, АЗ АЛкмар, Рома, Астра, Атлетик Билбао, Генк, Ајакс, Селта, Шахтјор, Гент, Шалке, Краснодар, Фиорентина, ПАОК, Спарта Прага, Хапоел, Османлиспо, Вољареал.
 
Од Лигата на шампионите во Лига Европа ќе продолжат: Тотенхем, Легија Варшава, Копенхаген, Лудогорец, Борусија Менхенгладбах, Бешикташ, Лион, Ростов.