Тенис
7. December 2016 - 9:38

Ѓоковиќ ја заврши соработката со Бекер

 Борис Бекер повеќе не е тренер на вториот светски рекет Новак Ѓоковиќ, објави германски „Билд“.
 
Српскиот тенисер и легендарниот Германец имаа договор до крајот на оваа сезона, а соработката не е продолжена па во 2017 година Ѓоковиќ ќе бара нов стручен соработник.
 
Бекер беше тренер на Србинот од 2014 година у имаше свој удел во шест Грен слем титули, 14 мастерс трофеи и две титули од завршни АТП финалиња што Ѓоковиќ ги освои изминатите три години.