Тенис
29. August 2020 - 21:52

Ѓоковиќ ја освои својата 80. титула во кариерата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва во Њујорк го победи Канаѓанецот Милош Раониќ во финалето на Мастерсот Синсинати со 2-1, по сетови 1:6; 6:3 и 6:4.

За Србинот, ова е 23-та последователна победа од почетокот на сезоната 2020 година.

Титулата во Њујорк е 80. Во кариерата на Ѓоковиќ. Тој го освои 35-от Мастерс и се изедначи со Рафаел Надал.

Претходно, Ѓоковиќ беше првиот играч кој ги освои сите девет Мастерси, сега тој е единствениот што ги освои сите Мастерс двапати.

Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 4,2 милиони долари.