Loading Video...
Тенис
6. јуни 2022 - 15:18

Ѓоковиќ и Швјонтер останува на врвот на АТП и ВТА листите

Понеделнички вообичаено се објавуваат и најновите тениски рангирања. 
 
Со троумфот на Роланд Гарос, Рафаел Надал направи прогрес од две позиции, па сега Шпанецот е на 4.место додека Стефанос Циципас е петти. 
 
Водечката тријка барем до следната седмица ќе остане непроменета, па Новак Ѓоковиќ ја започна 373 седмица на врвот на АТП листа, но следниот понеделник ќе мора да ја отстапи на Данил Медведев. Триот го комплетира Александар Зверев кој несреќно со повреда заврши во полуфиналето на Роланд Гарос, додека финалистот од Париз, Каспер Руд направи скок за две позиции и сега е шести. 
 
Кај дамите има многу промени на ВТА листата, но не и на врвот, на кој прво рангирана останува победничката во Париз, Ига Швјонтер од Полска, сега пред Естонката, Контавеи која направи скок од три места и Паула Бадоса од Шпанија која е трета. 
 
Најголем напредок имаше Американката, Коко Гауф која со пласманот во финалето на Роланд Гарос скокна за 10 места и сега е 13-та, дедека најголем пад од дури 12 позиции бележи Барбора Крејчикова која од второто падна на 14-тото место.